Плановите на Русија за брзо преземање на Киев и цела Украина се „распаднаа“, а Владимир Путин веќе е поразен на неколку начини, изјави командантот на британската армија адмирал Тони Радакин.
Радакин рече дека Путин е многу побезначаен отколку пред еден месец, додавајќи дека НАТО е „пообединет од кога било во животот“, што вклучува голем дел од Студената војна.
„Се чини дека Русија сега многу помалку става акцент на Киев, а многу повеќе на истокот и југот на Украина. Почнуваме да гледаме претходни индикации дека руските сили се повлекуваат од регионот на Киев и заминуваат во Русија и Белорусија“ – рече тој.
Радакин рече дека следните недели ќе бидат исклучително тешки за Украина, но дека Путин изгубил на многу начини.
„Путин си наштети себеси благодарение на низата катастрофални проценки. Пред тоа сакаше да го гледаме како одличен манипулатор на настаните“ – изјави Радакин.