Конашенков: Русите ја контролираат целата територија на Херсон

пред 3 години

Вооружените сили на Русија презедоа целосна контрола над целата територија на Херсон, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Тој наведува и дека руската армија во последните 24 часа соборила два украински авиони, еден хеликоптер и 13 дронови, пренесува руската агенција Тасс.

„ Воздухопловните сили и ПВО одбраната погодија вкупно 16 воздушни цели, вклучително и „су-24“ и „су-25“ на украинските воздухопловни сили, хеликоптер „Ми-8“ и 13 украински беспилотни летала, вклучително и шест беспилотни летала барјактар ТВ-2“, рече тој.

Според него, руски авиони во изминатиот ден целеле и 136 украински воени објекти.

Share
Scroll to Top