Италијанскиот премиер Џузепе Конте демантираше каква било намера за реконструкција на сегашната коалициска влада, која е составена од партии од левиот центар.
Во интервју за дневниот весник „Ил Кориера дела сера“, премиерот рече дека никој од владата, ниту тој самиот, не разгледувал таква можност и дека во овој момент сите владини сили се насочени кон кризата предизвикана од Ковид-19 и како најдобро да се организира употребата на 209 милијарди евра одобрени за Италија како помош од Европската Унија.
„Не е време да се исполнат можните амбиции на поединци или аспирациите за поголема политичка улога. Ние работиме на тоа судбината на државата да не зависи од судбината на поединците”, рече Конте.