Корисниците на Твитер пријавија проблеми

пред 3 години

Илјадници корисници на Твитер ширум светот денеска пријавија проблеми со користењето на оваа социјална мрежа.

Компанијата објави дека има зголемен број на грешки во апликацискиот програмски интерфејс и дека моментално го истражува проблемот, пренесува „Ројтерс“.

Апликацискиот програмски интерфејс или API е збир на протоколи за градење и интегрирање на апликативен софтвер, а Твитер денеска имаше значителни проблеми со својата веб-страница и апликации, според извештаите на корисниците.

Според некои корисници на Твитер, тие се спречени да објавуваат содржини на таа социјална мрежа, додека други имаат проблеми да се логираат на нивните профили на Твитер.