Коронавирусот ја загрозува Олимпијадата, 40 градови одбиваат да бидат домаќини на олимпијците

пред 4 години

Вкупно 40 јапонски градови не сакаат да бидат домаќини на спортистите кои ќе учествуваат на Олимписките игри, објави Ројтерс.

Имено, 500 градови во Јапонија се регистрирани да ги пречекаат олимпијците и да организираат кампови за обука, но 40 од нив одлучија да не го сторат тоа поради преоптовареноста на медицински ресурси поради четвртиот бран на коронавирус.

Олимписките игри во Токио минатата година беа одложени поради пандемијата од Ковид-19 и треба да се одржат од 23 јули до 8 август годинава, и покрај зголемувањето на бројот на новозаразени лица во Јапонија и вонредната состојба прогласена во Токио.

Јапонија пријави повеќе од 7.000 новозаразени лица, но најголемиот проблем е стапката на вакцинација, бидејќи само 2,8 проценти од населението се вакцинирани, анализираат светските медиуми.

Share
Scroll to Top