Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала примила покана од Грција официјално да ја посети таа земја, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството во Приштина.
Поканата до Грвала да ја посети Атина е упатена преку шефицата на грчката Канцеларија во Косово, Крисула Алифери, на средбата што на 15 април ја имала со косовскиот премиер Албин Курти.
На средбата, како што пишува РСЕ, Курти побарал од Алифери, Грција да се приклучи на државите кои ја признале независноста на Косово, но според ставот на официјална Атина, објавен на веб-страницата на Канцеларијата за врски во Приштина, прашањето на признавање зависи од резултатот на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Покрај Грција, косовската независност сè уште не ја признале ниту членките на ЕУ Словачка, Кипар, Романија и Шпанија.