Косовски автобус се прврте во Хрватска, загинаа 10 лица

пред 3 години

Десет лица загинаа откако автобус со косовски регистерски таблички се преврте кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција.

За време на истрагата, полициските службеници утврдиле дека станува збор за автобус со косовски државјани и регистарски ознаки. Според моментално достапните информации загинале 10 лица, додека десетици се пренесени во болница на лекарско лекување, се наведува во полициско соопштение.

По завршување на увидот ќе бидат достапни повеќе информации.

Брзата помош и припадници на јавната противпожарна единица Славонски Брод интервенираат околу превртениот автобус.

Околу 6.20 часот, полицијата добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи.

Share
Scroll to Top