Британската кралица Елизабета Втора им се врати на редовните обврски по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.
Таа присуствуваше на церемонијата на пензионирање на членовите на персоналот на кралското семејство, според извештајот на ПА Медиа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Кралицата била домаќин на церемонијата за пензионирање на првиот човек на дворската служба, кој управувал со работите на кралското семејство и дворецот и традиционално има благородничка титула гроф до заминувањето во пензија, кога станува лорд Чембрлен, пренесува „Ројтерс“.
Познавачите на состојбите во британскиот двор претходно посочија дека големата празнина оставена во животот на кралицата по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, нема да влијае врз најстарата кралица на светот да се откаже од престолот и да му го препушти на нејзиниот син, принцот Чарлс.