Кремљ: Навредите оставаат трага, но дијалогот меѓу Русија и САД е неопходен

пред 3 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е потребен дијалог меѓу Русија и САД и покрај неодамнешните изјави на американскиот претседател Џо Бајден.

„Личните навреди оставаат негативен белег на односите меѓу шефовите на држави“, рече Песков.

„Сепак, дијалогот меѓу Русија и САД е неопходен во секој случај, не само во интерес на нашите две земји, туку и во интерес на целиот свет“, додаде тој.

Вака или онака, порано или подоцна, Русија и САД ќе треба да разговараат за прашања за стратешка стабилност, безбедност и други прашања за кои само ние можеме да разговараме“, рече Песков.

Да потсетиме, Бајден во неделата рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​но еден ден подоцна објасни дека не сака да биде направена промена на политиката, туку реченицата му ја упатил на рускиот народ.