Кремљ: Нема основа за сoстанок помеѓу Путин и Зеленски

пред 2 години

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција.

Дмитриј Песков рече дека „државите кои имаат влијание врз Киев треба да го искористат тоа влијание за да ја направат Украина поконструктивна во мировните преговори“, рече Песков, додавајќи дека „разговорите со Украина не напредуваат толку колку што сака Русија“.

„ Русија прави напори да ги забрза преговорите“, рече тој, додавајќи дека „нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски“.

Тој ги нарече „лаги“ тврдењата дека руската армија не дозволува евакуација на украинските цивили, а ги обвини „украинските националисти“ дека спречуваат евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

„Нафтено ембарго би влијаело на снабдувањето со енергија на Европа, додека Америка не би изгубила ништо во случај на ембарго“, рече Песков.

Share
Scroll to Top