Кремљ одговори на повикот што го упати Илон Маск до Путин

пред 3 години

Кремљ денес објави дека предлогот на Илон Маск до рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на апликацијата „Клабхаус“ е интересен, но дека се потребни повеќе детали.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако Маск преку „Твитер“ испрати порака до Кремљ: „Дали сакате да ми се придружите за разговор во ‘ Клабхаус’?

„Клабхаус “ е аудио-чет апликација на социјално вмрежување која прифаќа нови членови само со покана, а беше лансирана во 2020 година.

Апликацијата е лансирана од софтверската компанија „Алфа експлорејшн“.

Share
Scroll to Top