Кремљ: Тензиите околу Украина се американска хистерија

пред 3 години

Официјален Кремљ е уверен дека тензиите околу Украина се американска хистерија. Руската страна, по синоќешните разговори помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти дека двајцата претседатели одлучиле контактите да продолжат.

„Хистерија го достигна својот врв“, изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека ситуацијата е доведена до апсурд, додавајќи дека  телефонскиот разговор Путин-Бајден бил избалансиран и професионален по природа.

Синоќа по разговорот се огласи Белата куќа, коментирајќи дека Бајден го предупредил Путин за тешки последици ако ја нападне Украина.

Share
Scroll to Top