Кремљ: Ќе објавиме детали од тајни разговори

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин има причина да верува дека Владимир Зеленски не сака да ги спроведе договорите од Минск, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„ Ако ги земеме предвид сите изјави на Зеленски, произлегува дека тој а) не може, б) не сака и в) нема да го стори тоа“, рече Песков.

Тој, исто така, сугерираше дека Кремљ е подготвен да открие детали од доверливите разговори со другите светски лидери со цел да се „открие намерно протекување информации од странски претставници“.

„ Се надевам дека нема да живееме во свет во кој треба да читаме транскрипти од затворениот дел од разговорот на претседателот“, рече Песков.

Share
Scroll to Top