Кулеба итно бара авиони по рускиот напад во породилиштето во Мариупол

пред 3 години

По нападот на болница во украинскиот град Мариупол, шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да и’ обезбедат авиони на Украина.

„Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново“, напиша Кулеба на Твитер.

Светската здравствена организација (СЗО) потврди 18 напади врз здравствени установи, здравствени работници и амбулантни возила во Украина, што резултирало со десет смртни случаи и 16 повредени, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Share
Scroll to Top