Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој вчера се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Полска, изјави дека САД немаат ништо против Полска да испрати борбени авиони во Украина.
САД претходно ја отфрлија ваквата иницијатива на Полска. Пентагон соопшти дека префрлањето борбени авиони од Полска во Киев е премногу ризичен потег. Засега нема коментари од Белата куќа.
Колеба ја наведе оваа информација по средбата со министерот за одбрана Олексеј Резников и американскиот претседател Џо Бајден во Полска.
„ На Украина итно ѝ се потребни повеќе борбени авиони за да се постигне рамнотежа во воздушниот простор и за да се запре руското убивање на цивили“, рече Кулеба, цитиран од „Тајмс оф Израел“.
Полска го поддржа планот за испраќање МиГ-29 од советската ера во Киев преку американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија.