Курти: Нема да дозволам друга српска држава на Косово

пред 2 години

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил за албанската телевизија „Сири“ дека нема да дозволи „друга српска република на Косово, слична на онаа која постои во БиХ“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Не сум против Србите, но Србија е против нас и не моќам да дозволам друга српска република на Косово, слична на онаа која ја имаат во Босна затоа што таму почнаа да ги соединуваат општините со мнозинство српско население и со тоа да прават автономен ентитет која ја саботија државата БиХ“ – вели Курти.

Тој верува дека постои „слична цел и на Косово“ и наведе дека лидерите во Србија пред неколку години се обидоа да направат проект за размена на територии.

Курти не може да каже дека тој проект е мртов, ама тврди дека идејата пропадна.

Српскиот премиер повтори дека се противи за иницијативата „Отворен Балкан“ и ја обвини Србија дека се обидува да го дестабилизира Балканот.

Share
Scroll to Top