Лавров во посета на Србија на 6 и 7 јуни

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 6 и 7 јуни ќе престојува во дводневна посета на Србија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ова го потврди портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Како што рече, Лавров во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со други високи државни функционери.

„Лавров ќе ја посети Србија на 6 и 7 јуни. Тој планира да се сретне со претседателот, министерот за надворешни работи, претседателот на Народното собрание и српскиот патријарх“, рече Захарова на брифингот.

Таа додаде дека теми на разговорите со српските претставници се политичката и економската соработка меѓу Русија и Србија, како и други актуелни прашања од меѓународната политика, пренесе Б92.

Share
Scroll to Top