Лавров месецов во дводневна посета на БиХ

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина на 14 и 15 декември.

Посетата на Лавров беше најавена за септември, но беше одложена поради потребата за негова самоизолација.

Според сараевскиот портал „Кликс“, Лавров ќе има официјални средби во БиХ со членовите на Претседателството на земјата, министерката за надворешни работи, Бисера Турковиќ, како и посебна средба со Милорад Додик.

Засега не е познато, дали тој, како што беше планирано претходно, ќе разговара со претставниците на двата дома на парламентот на БиХ.

Лавров последен пат ја посети БиХ во 2018 година, кога ги посети Сараево и Бања Лука.

Share
Scroll to Top