Лавров: Москва го цени објективниот став на Кина за Украина

пред 2 години

Москва ја цени објективната позиција на Кина за Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Високо ја цениме избалансираната, непристрасна позиција на кинеските пријатели за ситуацијата во и околу Украина. „Ја чувствуваме поддршката на Пекинг во одржувањето на принципиелните пристапи на Русија за изградба на безбедносна архитектура во Европа“, рече министерот за време на конференцијата „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Тој додаде дека енергетската соработка меѓу Русија и Кина добила стратешки карактер.

– Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми за соработка. Енергетското партнерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти во областа на индустријата, земјоделството и транспортот – рече Лавров за време на видео пораката на седмата меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена изјави дека „ослободувањето на Донбас е безусловен приоритет за време на руската специјална операција во Украина“.

– Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е апсолутен приоритет – изјави синоќа Лавров во интервју за францускиот ТВ канал ТФ1.

Тој додаде дека жителите на другите територии на Украина каде што се водат борбите „треба да одлучат за својата иднина“, пренесува РИА Новости.

Share
Scroll to Top