Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по операцијата на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, му испрати поддршка во која му посака добро здравје, неисцрпна енергија и оптимизам.
„Почитуван Милорад, информиран сум за хируршката интервенција што пред неколку дена беше извршена. Се надевам на брзо закрепнување и враќање на работа во полн капацитет на позицијата претседател на пријателската Република Српска“, нагласи министерот Лавров, пренесе „Срна“.
Додик во понеделникот беше опериран во белградска клиника, се чувствува добро и, како што е најавено, викендов би можел да биде пуштен на домашно лекување.
Текстот Лавров му посака на Додик добро здравје, енергија и оптимизам е превземен од МАКФАКС.






