Лавров: ОН замижуваат пред упадот на Украина во регионот Курск

Лавров: ОН замижуваат пред упадот на Украина во регионот Курск

пред 2 месеци

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Обединетите нации замижуваат пред ексцесите на украинските сили при нивниот упад во руската област Курск.

Во интервју за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров рече дека украинските терористички групи, како што наведе, користат западно оружје за напади на Курск, во кои не прават разлика меѓу цели.

„Тие во таа област секојдневно бомбардираат куќи, социјални институции, мирни граѓани, кои се засолнуваат на побезбедни места во своите автомобили. Не слушнав ниеден глас од претставниците на ОН, кои се одговорни за човековите права, вклучително и генералниот секретар“, рече Лавров.

Текстот Лавров: ОН замижуваат пред упадот на Украина во регионот Курск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top