Лавров: Русија е подготвена да преговара за разоружување со сите

пред 3 години

Москва е подготвена за мултилатерални преговори за разоружување со сите земји кои имаат нуклеарен потенцијал, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за време на видео обраќање пред учесниците на конференцијата за разоружување во Женева.

Лавров потврди дека Русија ќе продолжи да дава значителен практичен придонес во процесот на ракетно и нуклеарно разоружување.

„Следниот чекор на тој пат ќе бара вклучување на сите земји со нуклеарни можности, особено на Велика Британија и Франција. Русија е отворена за мултилатерални преговори што би се воделе врз основа на консензус, истовремено почитувајќи ги легитимните интереси на сите страни и со нивна согласност “, рече рускиот министер за надворешни работи.

Share
Scroll to Top