Лавров: Русија ќе одговори пропорционално на санкциите на ЕУ

пред 4 години

Одговорот на Москва на санкциите на ЕУ поради инцидентот со опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе биде пропорционален, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за радиостаниците Спутник, Комсомолскаја правда и Говорит Москва, Лавров рече дека тоа е утврдена дипломатска пракса и дека одговорот ќе биде дипломатски, пренесе ТАСС.

Тој истакна дека Германија нема намера да наведува никакви факти и покрај сите меѓународни правни обврски.

Говорејќи за протерувањето на руските дипломати од голем број европски земји, Лавров рече дека тоа станало знак на добро однесување во однос на САД и Велика Британија.

„Но, се разбира, ние донесуваме свои заклучоци во однос на одлуките на нашите западни партнери да ги протераат руските дипломати за шпионирање, а некои други обвинувања се одразуваат не само на дипломатската практика туку и на подготвеноста да им се препуштат на русофобичните трендови што Американците се обидуваат да ги развијат во Европа со цел да ја одвратат Европа од употреба на руски гас, руски воени производи и многу други работи“, рече Лавров.

Share
Scroll to Top