Еден човек е уапсен откако испратил сомнителен пакет до фабрика за вакцини во велшкиот град Врексхем.
Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам е приведен во Кент, објави Би-би-си.
Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.
Полицијата додаде дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека тревогата не го прекинала производството на вакцината од „Астразенека“.
Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно, а Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.