Лајен размислува да ја посети Турција

пред 4 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен размислува да отпатува за Турција следната недела по самитот на ЕУ на кој би требало да се расправа за односите со Анкара.

Ова го соопшти нејзината канцеларија, по видео разговорот помеѓу Лајен и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“.

Европската унија, патем, ѝ се закани на Турција со санкции по разгорувањето на повеќедеценискиот спор меѓу Турција и Грција околу поморската надлежност и енергетските ресурси на Медитеранот.

„ Ја нагласивме важноста од континуирана деескалација и понатамошно зајакнување на градењето доверба со цел да се овозможи попозитивна агенда на ЕУ и Турција“, напиша Урсула фон дер Лајан на Твитер.

Самитот на ЕУ за односите со Турција е закажан за 25 и 26 март.

Share
Scroll to Top