Лајен со предупредување: За еден месец омикрон ќе стане доминантен

пред 3 години

Видот на коронавирус омикрон се очекува да стане доминантна варијанта во Европската унија до средината на јануари, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека Унијата е подготвена да се бори со тој вид со 66 отсто од вакцинираното население.

Урсула фон дер Лајен изјави и дека е убедена дека ЕУ има сила и средства да ја надмине заразата и додаде дека е тажна бидејќи Божиќ повторно ќе биде под превезот на пандемијата.

Share
Scroll to Top