Лајчак: Интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива

пред 3 години

Специјалниот претставник на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, го поздрави денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан во Лондон, чиј домаќин беше британскиот министер за надворешни работи, го оцени како многу корисен, истакнувајќи дека интеграцијата на регионот во ЕУ нема алтернатива.

„Многу корисна средба Велика Британија-ЕУ-САД плус Западен Балкан во Лондон денес. За регионот нема алтернатива од интеграцијата во ЕУ. Мило ми е што сите учесници го истакнаа тоа“, напиша Лајчак на Твитер.

Домаќин на состанокот во Лондон е државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, Елизабет Трас. На средбата присуствуваа и пратеникот на британскиот премиер за Западен Балкан, Стјуарт Пич и заменик-помошникот државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар.

Share
Scroll to Top