Лекарите во Индија запрепастени: Откриен прв случај на жолта габична инфекција кај ковид пациент

пред 4 години

Жолта габична инфекција е откриена кај еден пациент заразен со коронавирус во Индија, а лекарите веруваат дека ова е прв случај регистриран во човечкото тело, бидејќи досега вакви габи имало само кај влекачите.

По црните и белите габи во Индија се појавиле и жолтите габи, што предизвикало сериозни последици кај пациентите со коронавирус и кај оние кои се опоравиле од оваа заразна болест, објавија индиските весници.

Жолта габа кај пациент со ковид е откриена во болница во областа Газиабад, во државата Утар Прадеш во близина на Делхи.

Еден лекар, изјави дека маж на 45 години бил заразен со црно-бели и жолта габична инфекција.

“Досега жолти габи имаме откриено кај влекачите. Ова е прв пат да бидат пронајдени кај луѓе”, изјави лекарот.

Црно-бели габични инфекции, познати како мукромикоза, се предизвикани од мукромицети кои живеат во расипано овошје и зеленчук, леб, почва и растенија.

Не е јасно како жолтите габи припаѓаат на мукромикозата, бидејќи тие се однесуваат малку поинаку.

Симптомите започнуваат одвнатре и се обично скриени, а тоа може да доведе до доцна дијагноза, додаде лекарот.

Тој објасни дека болеста започнува со летаргија и намален апетит, и ги погодува пациентите со коронавирус и резултира со губење на тежината.

Во подоцнежните фази на инфекцијата, жолтите габи можат да предизвикаат потечени очи поради неухранетост и откажување на органите.

Пациентот во Индија имал и крварење од носот и неконтролирано мокрење, изјави неговиот син а очите му беа отечени и затворени.

Жowолтите габи може да се излечат, но третманот трае подолго од другите габични инфекции

Share
Scroll to Top