Лекарите почнаа шестдневен штрајк во Велика Британија

Лекарите почнаа шестдневен штрајк во Велика Британија

пред 1 година

Десетици илјади прегледи и операции во Англија и Велс, кои требаше да ги спроведат помлади лекари, ќе бидат откажани.

Неколку илјади лекари денеска почнаа штрајк во Велика Британија, кој треба да трае до 9 јануари.

Шестдневниот штрајк би бил најдолгиот во историјата на британското здравство.

Извршниот директор на Националната здравствена служба, Џулијан Хартли, рече дека штрајкот почна во еден од најтешките периоди од годината за здравствената служба – по празниците и за време на вирусот.

„Значи, влијанието врз пациентите ќе биде значајно“, рече тој.

Во текот на изминатата година британските лекари често штрајкуваа барајќи повисоки плати поради зголемените трошоци за живот.

Медицинските сестри, екипите за итна помош и високите лекари постигнаа договор со владата, но младите лекари сѐ уште штрајкуваат. Долгото отсуство на лекарите ќе биде дополнително оптоварување за системот, кој сè уште закрепнува од епидемијата на коронавирусот.

Владата вели дека нема да преговара дополнително доколку лекарите не го прекинат штрајкот, а синдикатот вели дека нема да преговара доколку не добие веродостојна понуда за плата.

Текстот Лекарите почнаа шестдневен штрајк во Велика Британија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top