Ленарчиќ: Европа создава залихи во случај на хемиски или нуклеарни инциденти

пред 2 години

Европската комисија почна да работи на создавање стратешки резерви на заштитна опрема за деконтаминација, лекови и вакцини кои би можеле да бидат корисни во случај на хемиски, нуклеарни или биолошки инциденти.

„Преземаме конкретни чекори за да ја зголемиме подготвеноста на Европа да се справи со потенцијалните закани. Создаваме залихи на опрема за деконтаминација и нови залихи на опрема за итни потреби во случај на хемиски, биолошки или нуклеарни инциденти. Нашата цел е да обезбедиме брз одговор на нашите граѓаните тоа се случува“, изјави комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ.

Овие резерви ќе се состојат од опрема, лекови, вакцини и други терапевтски агенси за третман на пациенти изложени на хемиски, нуклеарни или биолошки агенси, како и опрема за деконтаминација.

Како прв чекор, Европската Унија веќе започна со набавка на таблети калиум јодид кои може да се користат за заштита на луѓето од штетните ефекти на радијацијата. Европската Унија веќе испрати речиси три милиони таблети калиум јодид во Украина преку механизмот за цивилна заштита.

Share
Scroll to Top