Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ

Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ

пред 2 месеци

Француската политичарка Марин Ле Пен го нарече трговскиот договор постигнат од претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „политичко, економско и морално фијаско“.

Во објава на социјалната мрежа „X“, Ле Пен појасни дека го смета за политичко фијаско затоа што „Европската унија, со своите 27 земји-членки, доби полоши услови од Обединетото Кралство“.

Со економско фијаско затоа што „Комисијата прифати асиметрични клаузули што самата Франција, управувана од патриотски извршен орган, никогаш не би ги прифатила“ и морално фијаско затоа што „француските земјоделци повторно беа жртвувани на олтарот на индустриите преку Рајна, со клаузули што нè принудуваат дополнително да отвориме уникатен пазар за американски земјоделски производи во замена за намалување на данокот за извоз на германски автомобили“.

Покрај тоа, Марин Ле Пен напиша дека „глобализацијата што го негира и уништува суверенитетот е застарена со години“, велејќи дека „крајно време е оваа информација да стигне до ушите на Европската комисија“.

Фото: принтскрин

Текстот Ле Пен: Договорот со Трамп е фијаско за ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top