Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.
Пресудата ѝ забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи забрана за нејзино кандидирање за француски претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.
Ле Пен, како и осум други европратеници на РН, беа прогласени за виновни за проневера на јавни средства.
Марин Ле Пен ја напушти судницата веднаш штом судијата прочита дека и е забрането да учествува на избори, без да чека целосно да биде донесена пресудата, пренесоа француските медиуми.
Текстот Ле Пен осудена на четири години затвор, од кои две се условни е превземен од МАКФАКС.