Француската екстремна десница Марин Ле Пен изјави дека Израел прави сè што може во исклучително тешката ситуација и дека ја дели целта на Тел Авив за искоренување на Хамас.
Таа ги осуди изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека односите меѓу ЕУ и Израел треба да се преиспитаат, како и дека постапките на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Појасот Газа се „неприфатливи“.
– Оваа изјава е срамна, но не ме изненадува, тој продолжува да ги множи критиките кон Израел бидејќи во реалноста не е во можност да понуди решение за борбата против исламскиот фундаментализам, рече Ле Пен.
„Тоа е терористичко движење кое се крие меѓу цивилите, се крие во болниците и училиштата, го користи цивилното население како човечки штитови, а кога се соочува со демонстрации од противниците на неговата политика, со задоволство ги масакрира“, заклучи Ле Пен, додавајќи дека ќе оди во Израел кога Нетанјаху ќе ја покани.
Текстот Ле Пен: Ја споделувам целта на Израел за искоренување на Хамас, имаме заеднички непријател е превземен од МАКФАКС.





