Линда Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа

пред 2 години

Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации (ОН) Линда Томас-Гринфилд изјави дека „светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа“ за време на рускиот напад на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по рускиот напад врз украинската нуклеарна централа Запорожје.

Во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, Томас Гринфилд нагласи дека рускиот „непромислен“ напад врз нуклеарната централа во Украина ја загрозува најголемата нуклеарна централа во Европа, како и безбедноста на цивилите.

„Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа синоќа“, рече Томас Гринфилд, повикувајќи ја Русија да ги повлече своите војници од нуклеарната централа Запорожје.

Томас Гринфилд, исто така, го повика рускиот претседател Владимир Путин да не испраќа свои војници во, како што рече, „самоубиствена мисија“ во нуклеарната централа.

Share
Scroll to Top