Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија

Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија

пред 2 години

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија за да се деескалираат тензиите во светот.

„Прво, за вистинска деескалација и почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија“, рече Лукашенко на втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, пренесува агенцијата „Белта“.

Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции, без одлука на Советот за безбедност на ОН.

Текстот Лукашенко: Американското нуклеарно оружје мора да се отстрани од евроазиската територија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top