Лукашенко: НАТО се подготвува за уште еден напад на исток

пред 2 години

Под превезот на зајакнување на европската одбрана и наводно одбранбени вежби, НАТО формира „оклопна тупаница“, создадена очигледно не за заштита, туку за уште еден напад кон исток, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој на церемонијата во чест на дипломираните студенти на воените универзитети рече дека новите, како што наведе, „крстоносци“ од Северноатлантската алијанса, одеднаш решиле дека моментот е погоден за уште една кампања на исток, заборавајќи колку слични кампањи на нивните претходници во историјата беше завршена, пренесува Белта.

Белорускиот претседател оценува дека Западот активно врши извидување на земја и во воздух, спроведува вежби, пренесува опрема и залихи од други региони и истовремено го зголемува воениот буџет.

Share
Scroll to Top