Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пристигна во Москва, каде ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин, пренесува агенцијата „Белта“.
Теми на разговор ќе бидат трговско-економската соработка, безбедноста во регионот, заедничките акции за обезбедување на националните интереси на двете земји, како и меѓународните прашања.
Посетата на Лукашенко доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западот околу Украина.