Лукашенко: Путин ги запре сите коронавируси во светот

пред 2 години

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека му посочил на рускиот претседател Владимир Путин дека ги запрел сите коронавируси во светот.

„Вчера му реков на Путин: Слушај, добро направи – војната е војна, но ти одеднаш ги спречи сите коронавируси, сите се опоравија“, кажал Лукашенко, а пренесува РИА Новости.

Лукашенко додава дека светот сега се прераспоредува, поставувајќи прашање каква улога одиграла пандемијата во тоа.

Претседателот на Белорусија денеска изјави и дека е убеден оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.

На средбата со гувернерот на Приморскиот крај, Олег Кожемјак, во Владивосток, Лукашенко рекол дека повремено имало стравувања оти Белорусија ќе биде вклучена во Русија, пренесува „Белта“.

Share
Scroll to Top