Лукашенко: Aко треба ќе распоредиме нуклеарно, па и некое понапредно оружје

пред 2 години

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја може да распореди нуклеарно оружје доколку се соочи со какви било надворешни закани.

„Доколку нашите противници преземат такви апсурдни чекори, не само нуклеарно, туку и понапредно оружје ќе биде распоредено во Белорусија со цел да ја заштитиме нашата територија“, рече Лукашенко.

„Ако нема закани од непријателските земји, тогаш не ни треба нуклеарно оружје овде“, рече тој.

Лукашенко утре во Москва треба да разговара со Владимир Путин.

Share
Scroll to Top