МААЕ: Иран има доволно ураниум за нуклеарни бомби

МААЕ: Иран има доволно ураниум за нуклеарни бомби

пред 5 месеци

По неколку месеци забавување на стапката на збогатување ураниум до 60 проценти чистота, Иран сега се приближи до нивото потребно за развој на нуклеарни бомби, објави организацијата на ОН за набљудување на нуклеарното оружје (МААЕ).

Многу дипломати веруваат дека забавувањето, кое започна во јуни, е резултат на тајните преговори меѓу Соединетите Држави и Иран кои доведоа до ослободување на американските граѓани приведени во Иран на почетокот на оваа година.

Иран веќе има доволно ураниум збогатен до 60 проценти за да направи три нуклеарни бомби. Според теоретската дефиниција на МААЕ, околу 42 килограми ураниум збогатен до 60 проценти е количината при која не може да се исклучи производството на нуклеарна бомба. Иран негира дека планира да развие нуклеарно оружје.

Иран „го зголеми своето производство на високо збогатен ураниум, поништувајќи го претходното намалување на производството од средината на 2023 година“, се вели во соопштението на МААЕ во кое се сумирал доверливиот извештај до земјите-членки во кој Ројтерс имал увид.

„Агенцијата потврдува дека од крајот на ноември 2023 година, стапката со која Иран произведува ураниум збогатен до 60 отсто во овие два капацитети заедно се зголеми на приближно девет килограми месечно“, се вели во извештајот до земјите-членки.

Текстот МААЕ: Иран има доволно ураниум за нуклеарни бомби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top