МААЕ: Нема штета на нуклеарниот центар по нападот врз  Димона

МААЕ: Нема штета на нуклеарниот центар по нападот врз Димона

пред 4 часа

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека е запознаена со ракетен напад во близина на Центарот за нуклеарни истражувања Негев во Димона, Израел.

Агенцијата објави дека не добила никакви индикации за оштетување на централата и дека не се регистрирани необични нивоа на зрачење.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека „мора да се почитува максимална воена воздржаност, особено во близина на нуклеарни постројки“.

Според достапните информации, ракетата погодила локација оддалечена околу 12 километри од нуклеарната централа.

Во нападот повредени се 47 лица, повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели (мали парчиња метал што се распрснуваат при експлозија на ракета).

Иран потврди дека го извршил нападот врз Димона, велејќи дека тоа е одговор на нападите на САД и Израел врз нуклеарната централа Бушер и објектите во Натанз.

Текстот МААЕ: Нема штета на нуклеарниот центар по нападот врз Димона е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top