Маж прободен со нож во вратот, продолжува да оди, па одеднаш паѓа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Маж прободен со нож во вратот, продолжува да оди, па одеднаш паѓа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

пред 2 години

Маж во Англија се здобил со сериозни повреди на вратот откако напаѓачот му нанел убодни рани, јави Би-Би-Си.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како маж се расправа со друг маж, кој турка количка.

Полицијата уапси четири лица осомничени за обид за убиство.

Нападот се случил на раскрсницата на патот Дадли и Белфилд Роуд околу 1.30 часот утринава.

Повредениот маж, на возраст од 40 години, бил пренесен во болница со исечено грло и бил во стабилна состојба кога полицијата на Вест Мидлендс објавила соопштение околу пладне.

Тројца мажи на возраст од 34, 29 и 26 години, како и една 22-годишна девојка се во притвор, додека истрагата продолжува.

Текстот Маж прободен со нож во вратот, продолжува да оди, па одеднаш паѓа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top