Непознат маж се заканува дека ќе активира бомба што тајно ја внел во зградата на украинската влада, објавија руските агенции, повикувајќи се на ТВ каналот „Украина-24“.
Како што се наведува, човекот рекол дека зградата е окупирана, и дека тој самиот нема да ја напушти зградата жив.
Полицијата во Киев за агенцијата „РАИ Новости“ потврди дека е примен извештај за закана со бомба и дека полицајците излегле на местото на настанот.
Агенцијата ТАС С известува дека седницата на украинската влада е закажана за денеска во 13 часот.