Претседателите на Франција, Германија, Италија и Романија ги обиколија урнатините на зградите во украинскиот град Ирпин за да ја покажат поддршката што Киев се надева дека ќе ја претвори во конкретни потези.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ирпин, град со 62.000 жители пред руската инвазија, беше едно од жариштата на борбите со руските сили пред да се повлечат од северна Украина за да се фокусираат на нападот на исток.
Украински функционер им објасни на францускиот претседател Емануел Макрон, на германскиот канцелар Олаф Шолц, на италијанскиот премиер Марио Драги и на романскиот претседател Клаус Јоханис што се случува во разурнатиот град.
Украина тврди дека Русија извршила масовни воени злосторства во Ирпин, тврдење што Москва го отфрла. Четворицата европски челници биле во одела, навидум без никаква заштитна опрема, а биле опкружени со вооружени војници. Макрон нагласи дека видел знаци на масакр и воени злосторства во Ирпин.
„Тоа е херојски град, обележан со стигма на варварство“, изјавил Макрон за новинарите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“. Откако видел натпис на ѕидот „Содавајте ја Европа, а не војна“, Макрон порачал дека тоа е многу трогателно да се види и дека тоа е вистинската порака.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не пристигна во Ирпин, а со четворицата лидери ќе се срете во текот на денот. Претходно, пред да се симне од возот во Киев, по целоноќното патување со воз од Полска, Макрон рече дека тоа е важен момент.
„На Украинците им испраќаме порака за единство, поддршка, разговори за сегашноста и иднината, бидејќи следните недели, како што знаеме, ќе бидат многу тешки“, рече францускиот претседател.