Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека западните сили се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија додека се обидуваат дополнително да ја изолираат Москва и да постигнат прекин на огнот.
„Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект“, рече Макрон на прес-конференција по самитот на лидерите на НАТО и Г7 во Брисел, пренесува Ројтерс.
Според Би-Би-Си, францускиот претседател предупредил и на претстојната криза кога станува збор за храната, бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство е во голема мера загрозено поради војната.
Тој додаде дека некои земји, вклучително и оние на Блискиот Исток и Северна Африка, се особено зависни од извозот од Украина и Русија. Ситуацијата дополнително ќе се влоши за една година или 18 месеци, бидејќи украинските земјоделци нема да можат да садат нови култури, додаде Макрон.