Макрон: Започнува вакцинацијата кај деца на возраст од 12 до 18 години

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека вакцинацијата против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 18 години може да започне на 15 јуни.

Франција веќе започна со вакцинирање на лица од 18 години.

Повеќе од 40 проценти од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19, пишуваат француските медиуми.

Во последните неколку недели во Франција е забележано нагло опаѓање на бројот на заразени и починати од коронавирусот. За ваквата ситуација Макрон посочува на разумниот оптимизам кај населението.

Градините на рестораните во Франција беа отворени минатиот месец.

За седум дена, полицискиот час ќе започнува во 23 часот и гостите ќе можат да седат во ресторани, со одредени ограничувања, велат француските власти.

Share
Scroll to Top