Макрон и Шолц разочарани од Путин

пред 2 години

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц му кажале на рускиот претседател Владимир Путин дека се разочарани од неговите планови да ја признае независноста на самопрогласените републики Донецк и Луганск, соопшти денеска прес-службата на Кремљ по нивните телефонски разговори.

„Макрон и Шолц изразија подготвеност да ги продолжат контактите“, додаваат од Кремљ.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој ја осудува проценката на Путин дека Русија може да ги признае двата отцепени украински региони, пренесе „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top