Макрон пред изборите в недела: Да не ни се лучи како со Трамп во САД

пред 2 години

Францускиот претседател Емануел Макрон го спореди претстојниот втор круг од претседателските избори в недела, со изборите во САД, кога Американците го избраа Доналд Трамп и предупреди дека неговото актуелно лидерство на анкетите не е гаранција за победа.

„Следниот ден се разбудија со мамурлак“, изјави Макрон за BFMTV, додавајќи дека ситуацијата во Франција е многу слична, бидејќи вклучува фундаментален избор за насоката на земјата, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така посочи дека агенциите за истражување на јавното мислење не била во можност да го предвиди исходот од изборите во САД или референдумот за Брегзит во 2016 година.

Актуелниот претседател и лидер на „Републиката во движење“ в недела ќе се соочи со кандидатката на десницата, Марин Ле Пен.

Додека Макрон веројатно има најголеми шанси за реизбор во споредба со неговите претходници, Ле Пен се бори за својата политичка иднина, бидејќи поразот во третиот поход за Елисејската палата би предизвикал промени на чело на нејзината партија, „Националeн собир“.

Share
Scroll to Top