Макрон прими трета доза од вакцината против Ковид-19

пред 5 години

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска соопшти дека ја примил третата доза од вакцината против Ковид-19.

Макрон на својот твитер налог постави објава во која штиклирани се фразите „трета доза вакцина“ и „вакцина против грип“, објави „Ројтерс“.

Телевизијата BFM и дневниот весник „Фигаро“ објавија дека Макрон ја примил третата доза од вакцината против Ковид-19 во текот на викендот.

Share
Scroll to Top