За апсолутно мнозинство во парламентот потребни се 289 пратенички места
Право на глас имаа над 49 милиони граѓани
Резултатите од овие избори се значајни за европската поддршка за Украина, глобалната дипломатија и економската стабилност на ЕУ
Претседателот Макрон ги распишаа овие предвремени избори по значителната загуба на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни
Францускиот претседател Емануел Макрон ја анализира излезната анкета и ќе почека да се појави целосната слика во парламентот пред да ги донесе неопходните следни одлуки, соопшти француското претседателство.
„Претседателот, како гарант на нашите институции, ќе го почитува изборот на францускиот народ“, се додава во соопштението.
Макрон ќе „чека“ пред да донесе каква било одлука за новата влада.
Текстот Макрон ќе почека пред да донесе одлука по шокантната излезна анкета е превземен од МАКФАКС.